Sportske igre mladih

Новости

Кавадарци е следната станица на „Денот на спортот“
01.06.2026.

Кавадарци е следната станица на „Денот на спортот“

Утре на Градскиот плоштад со почеток во 10 часот ќе се одржи „Денот на спортот“, кој е дел од Плазма Спортски игри за млади.

Кавадарци е седмиот град во кој ќе се одржи „Денот на Спортот“, кој е дел од Плазма Спортските игри за млади. Зборното место е Градскиот плоштад  (02.06.2026), свечената церемонија стартува во 10 часот. „Симовците“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

И овој град со години давал и дава репрезенттивци. На утрешното отворање ќе бидат присутни: Александар Вареловски (фудбалер), Марјан Велков (раометен голман), Тодор Златев (кошаркар) и Лиле Ѓорѓиева (кошаркарка).

Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставуваедна од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Кавадарци – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес, спортскиот караван пристигнува во Кавадарци.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

Спортските натпревари ќе се одржат на следниве локации:

Градски плоштад: Народна и Атлетика

Гимназија „Добри Даскалов“: Coca Cola Cup

ООУ „Тоде Хаџи Тефов“: Одбојка и Баскет 3х3

 

Скрол