Во рамки на Деновите на спортот се одржува и една од највозбудливите спортски дисциплини – натпреварот во атлетика. Наречена кралица на спортовите, атлетиката, поради својата сеопфатност, ги тестира различните аспекти на физичките способности на спортистите. Трката на 60 метри, во рамки на Plazma спортските игри на младите, им овозможува на сите да учествуваат, да ја почувствуваат возбудата од натпреварувањето и дружењето и да го покажат својот спортски дух.
Пријавувањето за натпреварите во атлетика, кои се одржуваат во рамки на Деновите на спортот, е целосно бесплатно, а градските победници стекнуваат право на учество на Државното финале.
Натпреварот се организира во поединечна машка и женска конкуренција и е поделен во две возрасни категории: родени во 2017 година и помлади и родени во 2015 година и помлади, овозможувајќи разновидност и простор за развој на талентот во различни возрасти.
Денот на спортот придонесува за поттикнување на интересот за спорт уште од најраните одделенија во основното образование, ја промовира толеранцијата и инклузијата и им овозможува на сите, без оглед на нивото на искуство, да се вклучат и да уживаат во спортските предизвици.
Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет… Pogledaj više
Дојдовме до највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник)… Pogledaj više
Комплетиран е списокот на сите учесници на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кое пак ќе ги даде првите патници кои ќе учествуваат на големото финале… Pogledaj više
Државното првенство кое ќе се одржи на крајот на овој месец ќе ги даде имињата на патниците кои ќе се пласираат на големото финале во рамките на Плазма Спортските игри… Pogledaj više
Се согласувам со политиката за приватност.