Sportske igre mladih

Новости

Прилеп е следна станица на „Денот на спортот“
02.06.2026.

Прилеп е следна станица на „Денот на спортот“

„Денот на спортот“ доаѓа во Прилеп. Овој голем спортски настан кој е дел од Плазма Спортските игри за млади ќе се одржи на 03.06.2026 (среда) на плоштадот „М.А. Ченто“ со почеток во 10:00 часот.

„Денот на спортот“ доаѓа во Прилеп. Овој голем спортски настан кој е дел од Плазма Спортските игри за млади ќе се одржи на 03.06.2026 (среда) на плоштадот „М.А. Ченто“ со почеток во 10:00 часот.

„Симовците“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Прилеп е синоним за успешни спортски приказни во Македонија, овој град долги години дава македонски репрезентативци и репрезентативки. На утрешното отворање на СИМ ќе биде присутен поранешниот македонски репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика Сиднеј 2000 година, Дарко Насески, олимпиец во стрелаштво Атланта 1996 година и фудбалери од СОУ Ристе Ристески Ричко кои беа дел од Европско првенство Бања Лука 2016 година

Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставуваедна од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите.

Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Прилеп – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

Скрол