Во Прилеп беше навистина возбудливо: Арсенал и „Тигрици“ се најдобри во Coca Cola Cup
Прилеп се покажа како вистински домаќин на „Денот на спортот“ кој е во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Овој град пулсираше во ритамот на спортот, во незаборавна атмосфера „симовците“ ги покажаа своите вештини во Coca Cola Cup, фудбал 2015, одбојка, народна, атлетика и баскет 3х3.
Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.
По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.
Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и денеска во Битола.
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – ПРИЛЕП
РЕЗУЛТАТИ
Coca Cola 2011
Mашки
Арсенал (Демир Хисар)
Женски
1, Тигрици (Прилеп)
Фудбал 2015
1, Мајмунчиња (Прилеп)
Одбојка
Машки
1.Лавчиња (Прилеп)
Женски
Демир Хисар Волеј (Д.Хисар)
Народна 2017
1.Паметни глави (Прилеп)
Народна 2015
1.Пеперутки (Прилеп)
Атлетика 2015
Машки
1.Никола Костоски
2.Ненад Ѓорѓиоски
Атлетика 2015
Женски
1.Илина Јанкулоска
2.Антонија Попоска
Атлетика 2017
Машки
1.Здравјанин Каралиоски
2.Петар Проданоски
Женски
1.Бисера Велкоска
2.Ана Крстеска
Баскет 3х3
Машки
1.Палавковци
Женски
1.Пчелки

