Sportske igre mladih

Новости

„Zero Waste“ и „Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид
07.06.2026.

„Zero Waste“ и „Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид

Охрид ќе биде и третиот град во кој ќе се одржи спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата.

„Денот на спортот“ доаѓа во Охрид. Езерскиот град ќе биде домаќин на Плазма Спортските игри за млади кои за првпат се одржуваат во Македонија.

Зборно место: Кеј Македонија (08.06.2026/понеделник), почеток во 10:00 часот.

На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

Езерскиот град исто дава врвни спортисти, на „Денот на спорт“ ќе бидат присутни: Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер, Спартак Суботица, Железничар Сараево, Јанина-Грција и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос . Боксерот Наум Стојаноски, кој е член на БК „Алексо Огненовски“ и македонски репрезентативец, и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот Куп.

Охрид ќе биде и третиот град во кој ќе се одржи спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата. Поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, е популарен кај децата.

„Zero Waste“ кој претходно се одржи во Прилеп и во Битола е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ.

Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад. По интерактивната едукација за заштита на животната средина, децата и младите се натпреваруваат на образовен полигон, а за најдобрите има награди.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Охрид – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десетиот град домаќин на СИМ.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/

Скрол