Sportske igre mladih

Новости

Списокот за Државното првенство е комплетен: Ова се победниците од Западниот регион
24.06.2026.

Списокот за Државното првенство е комплетен: Ова се победниците од Западниот регион

Плазма Спортските игри за млади за првпат оваа година се одржува во Македонија, главната мисија на едни од најголемите аматерски натпреврувања е бесплатен спорт за секое дете.

Комплетиран е списокот на сите учесници на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кое пак ќе ги даде првите патници кои ќе учествуваат на големото финале во Сплит (17 до 22 август).

Ги чекавме победниците од Западниот регион, а град домаќин беше Македонски Брод. Возбудливи натпревари, многу насмевки и нови пријателства беше дел од атмосферата. Нашите „симовци“ го испочитуваа најважното спортско правило фер-плејот. Магијата од најмладите секогаш е посебна. Во Coca Cola Cup 2011 повторно видовме дека имаме и одлични фудбалерки, од Запад тоа се Њу Старс од Кичево, додека во машка конкуренција во полуфинале ќе играат Таленти од Гостивар.

Плазма Спортските игри за млади за првпат оваа година се одржува во Македонија, главната мисија на едни од најголемите аматерски натпреврувања е бесплатен спорт за секое дете.

Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да поддржат проект е уште една потврда дека во нашата држава на прво место се младите и иднината.

Игрите оваа година слават 30-годишен јубилеј во Хрватска, а се одржуваат и во Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

ПЛАЗМА СПОРТИСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

ПОБЕДНИЦИ ЗАПАДЕН РЕГИОН

Coca Cola Cup 2011

Машки: Таленти (Гостивар)

Женски: Њу Старс (Кичево)

Мал фудбал 2015

Комб Тим (Македонски Брод)

Одбојка

Машки: Полежиновци (Кичево)

Женски: Топ Спорт Лирија (Тетово)

Ракомет

Машки: Дамевци (Битола)

Женски: Стружанки (Струга)

Баскет 3х3

Машки: Лирија Баскет (Тетово)

Женски: Струганет (Струга)

Одбојка на песок

Машки: Струганет (Струга)

Женски: Струганет (Струга)

Народна 2015

Форца (Охрид)

Народна 2017

Руфеја (Охрид)

Шах 2011

Машки: Армир Мустафа (Охрид)

Женски: Бојана Василевска (Битола)

Пинг-понг 2011

Машки: Кристијан Митев (Битола)

Женски: Натали Бејковска (Битола)

Атлетика 2015

Машки: Лук Николоски (Охрид), Петар Спиркоски (Битола), Дон Ибрахими (Тетово)

Женски: Ивана Аслимоска (Охрид). Мелани Волкановска (Битола), Азра Јакупи (Тетово)

Атлетика 2017

Машки: Теодор Сиокоски (Охрид), Лиар Незири (Тетово), Дамјан Дамчевски (Битола)

Женски: Стефаниј Постолова (Охрид), Андреа Аспроз (Битола), Хариса Деари (Тетово)

 

Скрол