НБА-потези во Кисела Вода: Ги имаме државните прваци во Баскет 3х3
Првите две екипи од секоја категорија обезбедија пласман на големата меѓународна завршница во Сплит, која ќе се одржи од 17 до 22 август.
Баскет 3х3 е една од десетте дисциплини во кои се натпреваруваа нашите „симовци“ на Плазма Спортските игри за млади. На Државното првенство, кое се одржа во Општина Кисела Вода, видовме бројни НБА-потези. Беше вистинско уживање да се следат финалните натпревари и во машка и во женска конкуренција.
Првите две екипи од секоја категорија обезбедија пласман на големата меѓународна завршница во Сплит, која ќе се одржи од 17 до 22 август.
Победник во машка конкуренција е „Кочо Рацин“ од Куманово, кој во финалето беше подобар од „Ролинг“ од Струмица. Третото место им припадна на „Радишани Булс“ од Бутел.

Во женска конкуренција, „Тим Арена“ од Штип го освои златниот медал, откако во финалето го победи „Тим Неготино“. Бронзениот медал им припадна на „Струганет“.
БАСКЕТ 3Х3 – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ПЛАЗМА СПОРТСКИТЕ ИГРИ ЗА МЛАДИ
МАШКИ
- место: „Кочо Рацин“ – Куманово
- место: „Ролинг“ – Струмица
- место: „Радишани Булс“ – Бутел
ЖЕНСКИ
- место: „Тим Арена“ – Штип
- место: „Тим Неготино“ – Неготино
- место: „Струганет“ – Струга
Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржуваат во Македонија, која се приклучи на големото СИМ-друштво, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. СИМ е едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, кое на сите деца им овозможува бесплатно да спортуваат.

