Sportske igre mladih

Новости

„К-4“ од Карпош и „Зајчиња“ од Велес со златен медал на Државното првенство во народна топка
04.07.2026.

„К-4“ од Карпош и „Зајчиња“ од Велес со златен медал на Државното првенство во народна топка

Плазма Спортските игри за млади ја вратија популарната народна топка – спортска дисциплина која е омилена кај сите генерации.

Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржаа во Македонија, која се приклучи на големото СИМ-друштво, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. СИМ е едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, кое на сите деца им овозможува бесплатно да спортуваат.

Во Општина Кисела Вода владееше вистински празник на спортот и младите. Најдобрите ученици од четирите региони се натпреваруваа на Државното првенство, кое ги даде првите учесници на големата меѓународна завршница што од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Плазма Спортските игри за млади ја вратија популарната народна топка – спортска дисциплина која е омилена кај сите генерации.

Нашите „симовци“ се натпреваруваа во две категории – 2015 и 2017 година.

Победници во категоријата Народна 2015 се „К-4“ од Карпош, кои до златниот медал стигнаа откако во финалето беа подобри од „Реал Мадрид“ од Штип.

Златниот медал во категоријата Народна 2017 им припадна на „Зајчиња“ од Велес. Сребрениот медал го освоија „Паметни глави“ од Прилеп, додека бронзениот медал им припадна на „Пантери“ од Карпош.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН

НАРОДНА 2015

  1. место: „К-4“ – Карпош
  2. место: „Реал Мадрид“ – Штип

НАРОДНА 2017

  1. место: „Зајчиња“ – Велес
  2. место: „Паметни глави“ – Прилеп
  3. место: „Пантери“ – Карпош
Скрол