„Струмица“ и „Топ спорт Лирија“ најдобри во одбојка
На Државното првенство возбудувања не недостасуваа ниту во одбојката, уште еднаш потврдувајќи дека овој спорт има светла иднина.
Продолжуваме да ги претставуваме учесниците кои ќе ја претставуваат Македонија на големата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади, што ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август.
На Државното првенство возбудувања не недостасуваа ниту во одбојката, уште еднаш потврдувајќи дека овој спорт има светла иднина.
Во машка конкуренција, шампионската титула ја освои екипата на „Струмица“, која во финалето беше подобра од „Весна“ од Пробиштип. Третото место му припадна на тимот на Шкендија.
Кај девојките, златниот медал го освои екипата на „Топ спорт Лирија“ од Тетово. Сребрениот медал им припадна на „ВТ Форца“ од Карпош, додека бронзениот го освои „Виола Волеј“ од Велес.
Плазма Спортските игри за млади за првпат оваа година се одржуваат во Македонија, главната цел е бесплатен спорт за секое дете без разлика од каде доаѓа.
Нашите „симовци“ во Сплит ќе се дружат со најдобрите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.
ОДБОЈКА – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ
МАШКИ
- место: „Струмица“ – Струмица
- место: „Весна“ – Пробиштип
- место: „Шкендија“ – Арачиново
ЖЕНСКИ
- место: „Топ спорт Лирија“ – Тетово
- место: „ВТ Форца“ – Карпош
- место: „Виола Волеј“ – Велес


