Sportske igre mladih

Новости

Нашите „симовци“ се вистински „махери“: Познати се победниците во пинг-понг!
07.07.2026.

Нашите „симовци“ се вистински „махери“: Познати се победниците во пинг-понг!

Натпреварите се одржаа во две возрасни категории – родени 2011 и 2014 година, а гледачите уживаа во многу неизвесни и квалитетни мечеви.

Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржаа во Македонија, а најмладите спортисти имаа можност бесплатно да се натпреваруваат во десет спортски дисциплини. Една од нив беше и пинг-понгот, каде што младите натпреварувачи ги покажаа своите вештини, талент и спортски дух.

Натпреварите се одржаа во две возрасни категории – родени 2011 и 2014 година, а гледачите уживаа во многу неизвесни и квалитетни мечеви.

Во категоријата родени 2011 година, златниот медал на Државното првенство го освои Мартин Ристески од Прилеп, сребрениот му припадна на Кристијан Митев од Битола, додека бронзата ја освои Стефан Тодоровски од Велес.

Кај девојчињата во истата категорија, најдобра беше Бојана Јовевска од Пехчево, а второто место го освои Нина Лазаревска од Карпош.

Во категоријата родени 2014 година, првото место го освои Јован Пармачки од Берово, додека сребрениот медал му припадна на Илија Ѓорчески од Крушево.

Во женска конкуренција, Ангела Чавкар од Крушево беше најуспешна, а второто место го освои Марија Стефановска од Пехчево.

Прво и второпласираните од Државното првенство обезбедија пласман на големата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Плазма Спортските игри за млади се едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања за деца и млади во Европа, со јасна мисија – бесплатен спорт и еднакви можности за секое дете. Покрај Македонија, Игрите се одржуваат и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија, а оваа година го слават својот голем јубилеј – 30 години пријателство, спорт и незаборавни спомени.

ПИНГ-ПОНГ – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

2011 ГОДИШТЕ

МАШКИ

  1. место: Мартин Ристески – Прилеп
  2. место: Кристијан Митев – Битола
  3. место: Стефан Тодоровски – Велес

ЖЕНСКИ

  1. место: Бојана Јовевска – Пехчево
  2. место: Нина Лазаревска – Карпош

2014 ГОДИШТЕ

МАШКИ

  1. место: Јован Пармачки – Берово
  2. место: Илија Ѓорчески – Крушево

ЖЕНСКИ

  1. место: Ангела Чавкар – Крушево
  2. место: Марија Стефановска – Пехчево

 

Скрол