Владо Илиевски: Многу ми е драго што Плазма Спортските игри за млади дојдоа во Македонија
Владо Илиевски поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, а сегашен директор на националните селекции ги поздрави Плазма Спортските игри за млади.
Македонија ги доби првите учесници на големата меѓународна завршница во Плазма Спортските игри за млади која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. СИМ за првпат оваа година дојде во нашата земја, а главната мисија е бесплатен спорт за сите деца, секој има право да спортува во едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа кое оваа година прославува 30-годишен јубилеј.
Во првата сезона, во 11 градови се одржа „Денот на Спортот“ , а бројни сегашни и некогашни спортски легенди испратија порака поздравувајќи ги Плазма Спортските игри за млади.

