Останува уште многу малку време до стартот на големиот спектакл во Сплит
Големата меѓународна завршница ќе се одржи од 17 до 22 овој месец во Сплит.
Уште шест денови остануваат до стартот на меѓународната завршница во рамките на Плазма Спортски игри за млади. Едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа, за првпат оваа година се одржа во Македонија. Нашата земја влезе во друштво на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Големиот спектакл ќе се одржи од 17 до 22 овој месец во Сплит. Меѓународната завршница во СИМ ќе биде посебна бидејќи Игрите прославуваат 30 години од своето постоење. Главната цел е бесплатен спорт за секое дете, Плазма Спортските игри за млади со години испраќаат силна порака – „Чекор за подобра иднина“. Нивната мисија е преку спортот да ги поврзат младите, да поттикнат заедништво, фер-плеј и создавање здрави животни навики.
Во рамки на Игрите ќе бидат опфатени десет спортски дисциплини (Coca Cola Cup 2011, атлетика, народна, 3Х3, одбојка, одбојка на песок, ракомет, пинг-понг, тенис, шах, мал фудбал), давајќи им можност на младите да го пронајдат својот пат и да напредуваат.
Плазма Спортските игри за млади во нашата земја дојдоа благодарение на Владата на Република Македонија и премиерот, Христијан Мицкоски, како и министерството за спорт, кои постојано даваат поддршка на најмладите.
Плазма Спортските игри за млади уживаат поддршка од бројни светски институции, меѓу кои се УЕФА, ФИДЕ, ФИБА, Европската комисија, Европската Унија, како и бројни спортски федерации и истакнати спортисти.

