Sportske igre mladih

Новости

Куманово ги испрати своите „симовци“ за Сплит
12.08.2026.

Куманово ги испрати своите „симовци“ за Сплит

Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, за првпат оваа година нашите млади спортисти ќе бидат дел од меѓународната завршница која ќе се одржи во Сплит од 17. до 22. август.

Големото меѓународно финале е на прагот, а град домаќин е Сплит. Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади и за првпат најдобрите дечиња од нашата земја ќе имаат шанса да се натпреваруваат и да се дружат со своите врсници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Од Куманово доаѓа одличен гест. Младите спортисти  заедно со своите наставници и тренери беа во посета на Општина Куманово на покана од градоначалникот Максим Димитриевски.

Вкупно 17 млади спортисти од Куманово се изборија за пласман на интернационалното натпреварување во Сплит, Хрватска, по успешните настапи во мал фудбал, баскет 3х3 и атлетските дисциплини.

За постетување токму Куманово беше еден од 11-те градови во кои се одржа „Денот на Спортот“.

Плазма Спортските игри за млади прославуваат 30 години од своето постоење, а главна мисија е бесплатен спорт за секое дете.
Скрол