Sportske igre mladih

Новости

И Велес им посака среќа на своите „симовци“ на меѓународната завршница во Сплит
14.08.2026.

И Велес им посака среќа на своите „симовци“ на меѓународната завршница во Сплит

Триесетина ученици со своите ментори од основните училишта од Велес оваа недела ќе се упатат кон Сплит на меѓународната завршница во рамките на Плазма Спортски игри за млади. Градоначалникот Марко Колев им посака среќа на младите „симовци“ потенцирајќи колку е важен спортот.  

„Нашата спортска екипа со постигнатите успеси на државните спортски игри е најбројната од Македонија и ќе се натпреварува во народна топка, атлетика, ракомет, тенис и одбојка на песок. Благодарност до Сојузот на училишен спорт од Велес за нивниот ангажман и посветеност, а Општина Велес и понатаму ќе поддржува активности кои придонесуваат за здрав и правилен развој на децата.

Им посакуваме многу спортски успеси, дружење и нови искуства! Велес е спортски град“, порача градоначалникот Марко Колев.

Македонија за првпат оваа година се приклучи на големото семејство СИМ, кое има главна цел – бесплатен спорт за секое дете, а со самото тоа создавање на здрави навики, градење на вистински вредности и почитување на најважното правило фер-плеј играта.

Меѓународната завршница е закажана за период од 17 до 22 август во Сплит, а покрај Македонија учество ќе земат Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.

Скрол