Sportske igre mladih

Новости

МЕЃУНАРОДНО ФИНАЛЕ – СПЛИТ: Илијана Велева и Давид Атанасовски освоија сребрен медал во шах!
19.08.2026.

МЕЃУНАРОДНО ФИНАЛЕ – СПЛИТ: Илијана Велева и Давид Атанасовски освоија сребрен медал во шах!

Македонија има одлична шаховска иднина. На Плазма Спортските игри нашите „симовци“ го освоија второто место во машка и женска конкуренција.

Уште пред да заминеме за Сплит бевме сигурно дека имаме големи мехари за шах. Ова на лице место се потврди на меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри кое во овој момент се одржува во Сплит.

Македонија освои уште две медали, овој пат нашите „симовци“ се закитија со сребро во машка и во женска конкуренција.

Во женска конкуренција второто место го освои Илијана Велева од Свети Николе, додека пак во машка конкуренција второто место го освои Давид Атанасовски од Гази Баба.

Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Натпреварувачите уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот.

Нашата земја за првпат оваа година стана дел од Плазма Спортските игри кои оваа година прославуваат голе јубиел – 30 години од своето постоење. Македонија влезе во друштвото на Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. Главна мисија на Игрите е бесплатен спорт за секое дете, промовираат вистински спортски вредности.

Плазма Спортските игри за млади продолжуваат да ги откриваат и да ги промовираат младите таленти, создавајќи средина во која децата растат преку спортот, стекнуваат нови пријателства и учат дека најголемите победи се оние што се постигнуваат со фер-плеј, посветеност и љубов кон играта.

Останете со нас, наскоро ќе имаме најнови информации од Сплит!

 

Скрол