Sportske igre mladih

Новости

Три нови медали за Македонија на СИМ: Пармачки со сребро, Јовевска и Ристевски со бронза!
19.08.2026.

Три нови медали за Македонија на СИМ: Пармачки со сребро, Јовевска и Ристевски со бронза!

Денешниот ден го затвораме на најубав можен начин, тројца македонски претставници дојдоа до одличја на меѓународната завршница во пинг-понг.

Македонија во првото меѓународно финале во рамките на Плазма Спортските игри за млади има со што да се пофали. Уште тројца наши „симовци“ успеаја да се закитат со медал. Овој пат со едно сребро и две бронзи, во пинг-понг завршницата.

Јован Пармачки од Берово го освои второто место во пинг-понг, сосема заслужено се закити со сребрен медал во машка конкуренција. Мартин Ристевски од Прилеп пак го освои третото место. 

Во женска конкуренција Бојана Јовевска од Пехчево заврши на третото место.

Сите тројца наши претставници имаа шанса да го почувуствуваат меѓународниот предизвик, стекнаа големо искуство бидејќи се натшреваруваа со нивните врсници од Хрватска, Словенија, Босна и Хрцеговина и Србија.

Што се однесува до Coca Cola Cup 2011, тимот на „Сарај“ заврши на четвртото место.

Плазма Спортските игри за млади се едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања за деца и млади во Европа, со јасна мисија – бесплатен спорт и еднакви можности за секое дете. Игри прославуваат голем јубилеј – 3о години од своето постоење.

Скрол