Санел Кустурица: Вложувањето во децата и младите е вложување во општеството!
Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Костурица го изрази своето задоволство што се дел од годишените Плазма Спортски игри за млади.
Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Костурица го изрази своето задоволство што се дел од годишените Плазма Спортски игри за млади. Вложувањето во младите не е само вложување во спортот, туки и во општеството кое заедно го градиме.
„Големо задоволство ни е што како Шпаркасе Банка од Македонија, заедно со Шпаркасе Лизинг, можеме да бидеме дел од овогодишните Плазма Спортски игри за млади и нивниот голем јубилеј. Како дел од Erste Group, која силно ги поврзува пазарите и луѓето ширум регионот, особено ги цениме иницијативите кои создаваат простор за поврзување на младите, размена на искуства и заедничко создавање позитивни вредности.
Особено нè радува што оваа голема спортска приказна веќе 30 години се гради врз вредности кои се универзални и важни за секое општество – заедништво, почит, фер-плеј и истрајност. Спортот нè учи дека успехот не се мери само со победата, туку и со начинот на кој стигнуваме до неа – колку веруваме во себе, колку ги поддржуваме другите и колку сме подготвени да учиме и да напредуваме.
Во Шпаркасе веруваме дека вложувањето во децата и младите не е само вложување во спортот, туку и вложување во општеството кое заедно го градиме. Да веруваш во иднината значи да веруваш во младите луѓе, во нивните потенцијали и во светот што тие заедно ќе го создаваат.
Затоа ни претставува задоволство што сме дел од Плазма Спортските игри за млади и што ги поддржуваме генерациите кои доаѓаат. Веруваме во иднината.
Санел Кустурица
Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје“, се вели во изјавата на Санел Костурица.

