Спортот не познава граници: Спортот обединува, поврзува и создава пријателства што траат!
Вечерва небото над Сплит посебно блескаше. Со спектакуларен огномет беше одбележан големиот јубилеј – 30 години СИМ, три децении исполнети со спорт, детски насмевки, пријателства и спомени што се носат цел живот.
Ако во една слика треба да се опишат визијата, мисијата и суштината на Плазма Спортските игри за млади дефинитивно тоа е оваа прекрасна фотографија од Сплит.
Вечерва небото над овој хрватски град посебно блескаше. Со спектакуларен огномет беше одбележан големиот јубилеј – 30 години СИМ, три децении исполнети со спорт, детски насмевки, пријателства и спомени што се носат цел живот.
А најубавата слика не беше само огнометот. Најубавата слика беа младите. Ѕвездите на иднината од петте земји кои се дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно, рамо до рамо, со своите државни знамиња го проследија спектакуларниот огномет.
Во тој момент не постоеја граници, разлики или ривали. Постоеја само деца обединети од љубовта кон спортот, од новите пријателства и од желбата заедно да создаваат убави спомени.
И токму затоа оваа фотографија вреди повеќе од илјада зборови. Таа ја раскажува приказната на СИМ – приказна во која спортот не е само натпревар, туку јазик кој сите го разбираме.
Спортот не познава граници. Спортот обединува, поврзува и создава пријателства што траат. Заедно, како еден тим, создаваме спомени што траат засекогаш.
Најголемата победа секогаш ќе биде иста: децата да растат со спорт, со пријателство и со верба дека заедно можеме да го направиме светот подобро место.


