„Не е важно дали е аматерски или професионален спорт, спортот како спорт секогаш го промовира она најдоброто и најубавото и е важен за развојот на нашите деца, за развојот на нивниот карактер и за нивниот идeн живот. Мислам дека токму Спортските игри на младите се вистинскиот пат, бидејќи овој проект е глас што се слуша далеку. Децата не може да се измамат, тие ја чувствуваат емоцијата и токму тоа е она на што се сеќавам кога бев учесник на десет години. А сега е на мене да го промовирам само најдоброто, она што го искусив на своја кожа на Спортските игри на младите и да ги едуцираме нашите деца за подобра иднина.“

