Sportske igre mladih

Новости

Познати се најбрзите „симовци“ од Државното првенство во атлетика
06.07.2026.

Познати се најбрзите „симовци“ од Државното првенство во атлетика

Нашите млади атлетичари се натпреваруваа во две возрасни категории – 2015 и 2017 годиште, а овој голем спортски настан се одржа на „Плоштад Расадник“ во Општина Кисела Вода. Беше возбудливо да се гледаат нашите „симовци“, а самиот амбиент даде дополнителен импулс, бидејќи атлетиката секогаш ги „краде“ воздишките. 

Ги имаме најбрзите „симовци“ од Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои оваа година за првпат се одржуваат во Македонија.

Нашите млади атлетичари се натпреваруваа во две возрасни категории – 2015 и 2017 годиште, а овој голем спортски настан се одржа на „Плоштад Расадник“ во Општина Кисела Вода. Беше возбудливо да се гледаат нашите „симовци“, а самиот амбиент даде дополнителен импулс, бидејќи атлетиката секогаш ги „краде“ воздишките.

Во категоријата 2015 годиште, во машка конкуренција победник е Дамјан Петрушевски од Велес. Второто место му припадна на Лука Николоски од Охрид, додека трет заврши Андреј Арсовски од Гази Баба.

Кај девојчињата најбрза беше Марија Кирова од Велес, која сосема заслужено го освои златниот медал. Јана Лазарова од Кочани се закити со сребрен медал, додека Ирина Славковска од Куманово го освои бронзениот медал.

Во категоријата 2017 годиште, во машка конкуренција сите аплаузи ги доби Јане Јосифовски од Бутел, Скопје, кој го освои првото место и златниот медал. На второто место заврши Наум Насковски од Куманово, додека Павле Белински од Гази Баба беше трет.

Во женска конкуренција, на највисокото скалило на пиедесталот се искачи Пепика Демникова од Гевгелија. Второто место ѝприпадна на Бисера Велкоска од Прилеп, додека трета заврши Ања Дончевска од Куманово.

Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади ги даде победниците кои ќе бидат дел од големата меѓународна завршница, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

СИМ е едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, кое на секое дете му овозможува бесплатен спорт.

АТЛЕТИКА – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

АТЛЕТИКА – 2015 ГОДИШТЕ

МАШКИ

  1. место: Дамјан Петрушевски – Велес
  2. место: Лука Николоски – Охрид
  3. место: Андреј Арсовски – Гази Баба

ЖЕНСКИ

  1. место: Марија Кирова – Велес
  2. место: Јана Лазарова – Кочани
  3. место: Ирина Славковска – Куманово

АТЛЕТИКА – 2017 ГОДИШТЕ

МАШКИ

  1. место: Јане Јосифовски – Бутел
  2. место: Наум Насковски – Куманово
  3. место: Павле Белински – Гази Баба

ЖЕНСКИ

  1. место: Пепика Демникова – Гевгелија
  2. место: Бисера Велкоска – Прилеп
  3. место: Ања Дончевска – Куманово
Скрол