„Волци“ царуваат во мал фудбал 2015!
Натпреварите во рамките на Државното првенство донесоа многу неизвесност, а никој не остана рамнодушен на тоа што го прикажаа младите фудбалери.
Додека светот ужива во фудбалските возбудувања, Македонија може да се пофали со своите мали фудбалски магионичари. Учесниците родени 2015 година на Плазма Спортските игри за млади покажаа дека и најмладите знаат да приредат одлични натпревари, исполнети со атрактивни потези, многу голови и вистински спортски дух.
Натпреварите во рамките на Државното првенство донесоа многу неизвесност, а никој не остана рамнодушен на тоа што го прикажаа младите фудбалери.
Екипата „Волци“ од Куманово се покажа како најуспешна и заслужено го освои златниот медал. Во големото финале, „Волци“ беа подобри од „Јуниори“ од Струмица, кои се закитија со сребрениот медал. Третото место му припадна на тимот „Мирче Ацев 1“ од Ѓорче Петров.
Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржуваат во Македонија. Најдобрите екипи од Државното првенство обезбедија пласман на големата меѓународна завршница, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.
Плазма Спортските игри за млади оваа година слават голем јубилеј – 30 години постоење. Нивната мисија е едноставна, но моќна: бесплатен спорт, дружење и еднакви можности за секое дете.
Мал фудбал 2015
1. место: „Волци“ – Куманово
2. место: „Јуниори“ – Струмица
3. место: „Мирче Ацев 1“ – Ѓорче Петров

