Sportske igre mladih

Новости

Во 11 градови се одржа „Денот на Спортот“: Навистина беше магично!
20.07.2026.

Во 11 градови се одржа „Денот на Спортот“: Навистина беше магично!

Додека одбројуваме до стартот на меѓународната завршница во Плазма Спортските игри за млади која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит, да се потсетиме како поминавме во првата сезона во Македонија.

Плазма Спортските игри за млади за првпат оваа година се одржаа во Македонија. Нашата земја стана дел од големото друштво на едно од најголемите аматерски натпреварувања за млади во Европа кое оваа година прославува 30 години од своето постоење, а за главна цел има да овозможи бесплатен спорт за секое дете. Покрај Македонија, дел од СИМ се Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. Нивната мисија е преку спортот да ги поврзат младите, да поттикнат заедништво, фер-плеј и создавање здрави животни навики.

Во текот на изминатиот период нашите млади „симовци“ се натпреваруваа во 10 дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, атлетика, ракомет, одбојка и одбојка на плажа, народна топка, шах, пинг-понг и тенис. Победниците од Државното првенство кое се одржа во Општина Кисела Вода ќе имаат можност да се натпреваруваат и да дружат со своите врсници од другите земји. Меѓународната завршница ќе се одржи од 17 до 22 август во Сплит.

Во првата сезона во рамките на Плазма Спортските игри за млади се одржа „Денот на Спортот“, а домаќини беа 11 градови. Во Скопје се одржа големото отворање на кое можевме да видиме бројни спортски легенди од Македонија, но и надвор.

Амбасадори на Плазма Спортските игри за млади се врвни спортисти – идоли и промотори на вредностите што ги носат Игрите. На отворањето присуствуваа Предраг Мијатовиќ, Немања Видиќ, Петар Метличиќ, Предраг Даниловиќ и Емир Спахиќ, додека од Македонија амбасадори се Горан Пандев, Кирил Лазаров, Војдан и Дамјан Стојановски, Бобан Илиевски, Дејан Георгиевски, Дарио Ивановски, Филип Кузмановски, Лина Ѓорческа, Игор Стефановски Иџе и Милјана Рељиќ.

На церемонијата на отворање во Скопје присуствуваа премиерот на Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, претседателот на Плазма Спортските игри за млади, Здравко Мариќ, генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, извршниот директ на Шпаркасе Лизинг, Марјан Манчев.

 

 

 

Скрол