Sportske igre mladih

Новости

Генијалци со манири на големи мајстори: Младите шахисти блеснаа на Државното првенство!
07.07.2026.

Генијалци со манири на големи мајстори: Младите шахисти блеснаа на Државното првенство!

Шахот не е само игра. Тој е лекција за трпеливост, концентрација, почит и мудро донесување одлуки. Токму тие вредности беа на сцена на Државното првенство во шах во рамките на Плазма Спортските игри за млади, каде најдобрите млади шахисти од целата држава покажаа дека иднината на македонскиот шах е во сигурни раце.

Шахот не е само игра. Тој е лекција за трпеливост, концентрација, почит и мудро донесување одлуки. Токму тие вредности беа на сцена на Државното првенство во шах во рамките на Плазма Спортските игри за млади, каде најдобрите млади шахисти од целата држава покажаа дека иднината на македонскиот шах е во сигурни раце.

Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Натпреварувачите уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот.

Во категоријата 2011 годиште, кај момчињата најдобар беше Лукијан Тенев од Штип. Второто место го освои Никола Петровски од Гази Баба, а третопласиран беше Амир Мустафа од Охрид.

Кај девојчињата, титулата државна победничка ја освои Илијана Велева од Свети Николе. На второто место заврши Маја Дамеска од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Дафина Денковска од Гази Баба.

Одлични партии понудија и најмладите шаховски надежи во категоријата 2015 годиште. Кај момчињата победник е Давид Атанасовски од Гази Баба, второто место му припадна на Јован Вукашиновиќ од Струмица, а трет беше Глигориј Павловски од Куманово.

Во женска конкуренција, најуспешна беше Катја Поп Николова од Струмица, додека второто место го освои Матеа Јовановска од Гази Баба.

Плазма Спортските игри за млади продолжуваат да ги откриваат и да ги промовираат младите таленти, создавајќи средина во која децата растат преку спортот, стекнуваат нови пријателства и учат дека најголемите победи се оние што се постигнуваат со фер-плеј, посветеност и љубов кон играта.

Честитки за сите учесници кои го направија шаховското Државно првенство вистински празник на умешноста, а посебни честитки до победниците кои со своите настапи заслужено обезбедија место меѓу најдобрите и уште еднаш покажаа дека Македонија има генерација на млади шахисти со манири на големи мајстори.

Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади чија главна мисија е бесплатен спорт за секое дете.

 

ШАХ – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

2011 ГОДИШТЕ

МАШКИ

1 место:  Лукијан Тенев – Штип

2 место: Никола Петровски – Гази Баба

3 место: Амир Мустафа – Охрид

ЖЕНСКИ

1 место: Илијана Велева – Свети Николе

2 место: Маја Дамеска – Прилеп

3 место: Дафина Денковска – Гази Баба

ШАХ 2015

МАШКИ

1 место: Давид Атанасовски – Гази Баба

2 место: Јован Вукашиновиќ – Струмица

3 место: Глигориј Павловски – Куманово

ЖЕНСКИ

1 место: Катја Поп Николова – Струмица

2 место: Матеа Јовановска – Гази Баба

Скрол