Ги имаме првите победници кои ќе се борат за големото финале во Сплит
Од Источниот регион веќе ги добивме првите победници кои ќе се борат за пласман во големото финале. Натпреварите се одиграа во Велес, а учество земаа победниците од градот домаќин, Кочани, Штип и Куманово – градови во кои се одржа и „Денот на спортот“.
Од оваа година, во Македонија за првпат се одржуваат Плазма Спортските игри за млади. Еден од најголемите аматерски спортски настани за деца и млади во Европа носи исклучително важна мисија – бесплатен спорт за секое дете. Но, овие игри се многу повеќе од натпреварување и резултати. Тие се место каде што младите учат што значи да се биде дел од тим, како да се почитува противникот и како преку играта се градат вистинските животни вредности.
Игрите опфаќаат натпревари во атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup, мал фудбал 2015, пинг-понг, тенис, народна топка, атлетика , баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Победниците од Државното првенство ќе обезбедат пласман на големото финале во Сплит, кое ќе се одржи од 17 до 22 август.
Во моментов, низ цела Македонија се играат зонските и регионалните натпревари. Од Источниот регион веќе ги добивме првите победници кои ќе се борат за пласман во големото финале. Натпреварите се одиграа во Велес, а учество земаа победниците од Велес, Кочани, Штип и Куманово – градови во кои се одржа и „Денот на спортот“.
ПОБЕДНИЦИ ИСТОЧЕН РЕГИОН
COCA COLA CUP 2011
Машки: „Царина во напад“ – Кратово
Женски: „Лозово“ – Лозово
МАЛ ФУДБАЛ 2015
„Волци“ – Куманово
ОДБОЈКА
Машки: „Весна“ – Пробиштип
Женски: „Виола Волеј“ – Велес
РАКОМЕТ
Машки: „Ким Шампиони“ – Велес
Женски: „Голак“ – Делчево
БАСКЕТ 3Х3
Машки: „Кочи Рацин“ – Куманово
Женски: Тим Арена – Штип
НАРОДНА 2015
„Реал Мадрид“ – Штип
НАРОДНА 2017
„Зајчиња“ – Велес
ОДБОЈКА НА ПЕСОК
Машки: „Ким2“ – Велес
Женски: „Ким Видри“ – Велес
ТЕНИС 2012 И ПОМЛАДИ – ЖЕНСКИ
Женски: Марија Прпева
ШАХ
Категорија 2011 машки
Лукијан Тенев – Штип
Категорија 2011 женски
Илијана Велева – Св.Николе
Категорија 2015 машки
Глигориј Павловски – Куманово
ПИНГ-ПОНГ 2011 машки
Стефан Тодоровски – Велес
ПИНГ-ПОНГ 2011 женски
Бојана Јовевска – Пехчево
ПИНГ-ПОНГ 2014 машки
Јован Пармачки – Берово
ПИНГ-ПОНГ 2014 женски
Марија Стефановска – Пехчево

