Имаме победници: „Денот на спортот“ во Куманово во знакот на фер-плеј, дружење и многу насмевки!
Над 2.000 дечиња од Куманово и регионот беа дел од вториот голем настан „Денот на спортот“, кој се одржа во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат се организираат во Македонија.
Над 2.000 дечиња од Куманово и регионот беа дел од вториот голем настан „Денот на спортот“, кој се одржа во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат се организираат во Македонија.
Игрите поттикнуваат спортски начин на живот, инклузија, толеранција и дружење меѓу најмладите. Атмосферата беше одлична – фер-плејот беше на прво место, а идните спортски ѕвезди пленеа со своите насмевки и енергија.
Плазма Спортските игри за млади, кои постојат веќе 30 години и важат за најголема аматерска спортска манифестација во Европа, овозможуваат бесплатен спорт за секое дете.
Во Куманово се одигра и популарниот Coca-Cola Cup, во машка и женска конкуренција за генерација 2011, како и натпреварите во мал фудбал за деца родени 2015 година и помлади.
Кошарката 3×3 ја донесе очекуваната возбуда, додека атлетските трки беа исполнети со неизвесност и борбен дух. Сепак, омилената игра на сите дечиња и понатаму останува „народна игра“.
И да – имаме победници!
На крајот сите во еден глас порачаа: ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ
Coca Cola Cup 2011 (машка конкуренција – фудбал)
Царина на удар – Кратово
Coca Cola Cup 2011 (женска конкуренција – фудбал)
Речица – Куманово
Мал фудбал 2015 година и помлади
Волци Куманово
Кошарка 3×3 (машка конкуренција)
Кочо Рацин – Куманово
АТЛЕТИКА
60 метри/2015 годиште (женска конкуренција)
1 место: Ирина Славковска – Крсте Мисирков (Куманово)
2 место: Ева Стојановска – Илинден (Крива Паланка)
3 место: Марија Ѓорѓиевска – Јоаким Крчовски (Крива Паланка)
60 метри/ 2015 годиште (машка конкуренција)
1 место: Павел Петковски – Крсте Мисирков
2 место: Лука Лазаревски – Крсте Мисирков
3 место: Алексеј Спасовски – Крсте Мисирков
Tрчање 60 метри/2017 годиште (женска конкуренција)
1 место: Ања Дончевски – Браќа Миладиновци (Куманово)
2 место: Јана Христова – Кочо Рацин – (Кратово)
3 место: Ники Илиевска – Браќа Миладиновци (Куманово)
Трчање 60 метри/2017 годиште (машка конкуренција)
1 место: Наум Насковски – Браќа Миладиновци (Куманово)
2 место: Лука Лазаревски – Браќа Миладиновци (Куманово)
3 место: Матеј Симоновски – Кочо Рацин (Куманово)
Народна 2015 годиште
– Браќа Миладиновци (Куманово)
Национална 2017 година
Јоаким Крчовски – Крива Паланка











