Sportske igre mladih

Новости

И Пехчево, Струмица и Сарај им посакаа успех на идните ѕвезди!
14.08.2026.

И Пехчево, Струмица и Сарај им посакаа успех на идните ѕвезди!

Македонија одбројува до првото учество на меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри за млади кое од 17. до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Победниците од Државното финале на Плазма Спортските игри за млади ги прават последните подготовки пред почетокот на меѓународната завршница, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Македонија оваа година за првпат влезе во големото семејство на СИМ, кое го сочинуваат Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Плазма Спортските игри за млади годинава одбележуваат 30 години од своето постоење, а во Сплит се очекува вистински спортски спектакл. Главната цел на Игрите е да му овозможат бесплатен спорт на секое дете, да создаваат здрави навики, да ги поттикнуваат младите да ги градат вистинските вредности и да ја негуваат фер-плеј играта.

Нашите млади спортисти ќе имаат можност да се натпреваруваат во десет спортски дисциплини, но и да создадат нови пријателства и незаборавни спомени.

Пред заминувањето за Сплит, среќа и успех на македонските „симовци“ им посакаа градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази, градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, и градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански.



Скрол