Како поминавме во Охрид: „Њу Старс“ и „Татеши“ победници во Coca Cola Cup
„Денот на спортот“ во Охрид го одбележа „Zero Waste“, но и натпреварите во останатите спортови. На отворена сцена покрај Охридското езеро се навиваше гласно, беше навистина возбудливо во трките во атлетика, но и овој пат во центарот на вниманието беше народна. Победници во 2015 годиште беа „Прличевци“, а додека во 2017 година првото место им припадна на тимот на „Форца“.
Coca Cola Cup секогаш носи посебен натпреварувачи шмек“, во машка конкуренција најдобри беа „Татеши“, додека кај девојчињата добри фудбалски вештини покажаа „Њу Старс“.
„Прличевци“ ја продолжија својата доминација и во останатите спортови, беа најдбри во фудбал 2015.
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ
РЕЗУЛТАТИ ОХРИД
Coca Cola Cup 2011
Машки: Татеши
Женски: Њу Старс
Фудбал 2015: Прличевци
Одбојка
Машки: Струганет
Женски: Струганет
Народна 2017
Форца
Народна 2015
Прличевци
Атлетика 2015 (Машки)
Лука Николоски
Горазд Мартиноски
Атлетика 2015 (Женски)
Илина Аслимоска
Ива Димитриеска
Атлетика 2017 (Машки)
Теодор Сикоски
Максим Вероноски
Атлетика 2017 (Женски)
Стефанија Постолова
Сахра Далип
Баскет 3х3
Машки: Братство
Женски: Стружанки
Ракомет
Машки: Стружани
Женски: Стружанки
Плазма Спортските игри за млади претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.
Победниците од Државното првенство ќе учествуваат на големото финале кое ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август.

