Sportske igre mladih

Новости

„КИМ 2“ и „6-7“ се државни шампиони во одбојка на песок
06.07.2026.

„КИМ 2“ и „6-7“ се државни шампиони во одбојка на песок

Една од десетте спортски дисциплини во кои се натпреваруваа нашите „симовци“, а која привлече големо внимание на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, беше одбојката на песок.

Плазма Спортските игри за млади на децата им овозможуваат бесплатно да учествуваат во спортски натпревари, да се дружат и да развиваат тимски дух. Игрите се најголемиот спортски и едукативен настан за деца и млади во Европа и континуирано се организираат во Хрватска од 1996 година.

Македонија годинава за првпат стана дел од големото СИМ семејство, во кое членуваат Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Во текот на трите децении од нивното постоење, на Игрите учествувале повеќе од 3.440.000 деца, со што уште еднаш е потврден нивниот статус на најголем аматерски спортски настан за деца и млади во Европа.

Една од десетте спортски дисциплини во кои се натпреваруваа нашите „симовци“, а која привлече големо внимание на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, беше одбојката на песок.

Во машка конкуренција, златниот медал го освои екипата „КИМ 2“ од Велес, среброто му припадна на „Гоце Делчев“ од Прилеп, додека бронзениот медал го освои „Екипа 52“ од Гази Баба.

Во женска конкуренција, победник е екипата „6-7“ од Радишани, која во финалето беше подобра од „КИМ Видри“ од Велес. Третото место го освои „Струганет“ од Струга.

ОДБОЈКА НА ПЕСОК – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА ПЛАЗМА СПОРТСКИТЕ ИГРИ ЗА МЛАДИ

Машка конкуренција

  1. место: „КИМ 2“ – Велес
  2. место: „Гоце Делчев“ – Прилеп
  3. место: „Екипа 52“ – Гази Баба

Женска конкуренција

  1. место: „6-7“ – Радишани
  2. место: „КИМ Видри“ – Велес
  3. место: „Струганет“ – Струга
Скрол