Sportske igre mladih

Новости

Македонија со прво одличје во Сплит: Наум Насковски освои бронза во атлетика!
18.08.2026.

Македонија со прво одличје во Сплит: Наум Насковски освои бронза во атлетика!

Атмосферата во Сплит е одлична, а искуството за нашите „симовци“ е драгоцено и ќе биде уште еден убав дел од нивната спортска приказна.

Сплит дише во ритамот на Плазма Спортските игри за млади. Во хрватскиот град се одржува меѓународното финале, на кое од оваа година учествува и Македонија. Денешниот ден беше резервиран за полуфиналните натпревари во сите десет дисциплини, а нашите „симовци“ се натпреваруваа во ракомет, одбојка и атлетика.

Македонија го освои и првиот – исторски медал на меѓународното финале. Наум Насковски се закити со бронзениот медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Нашиот атлетичар кој е од Куманово во силна конкуренција успеа да дојде до одлично остварување. На Наум му честитаме за освоениот медал. 

Чувството да се биде дел од ова големо натпреварување е навистина посебно. Нашите дечиња имаа можност да се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија, да стекнат нови пријателства и, пред сè, да создадат спомени кои засекогаш ќе останат во нивните сеќавања.

Атмосферата во Сплит е одлична, а искуството за нашите „симовци“ е драгоцено и ќе биде уште еден убав дел од нивната спортска приказна.

Плазма Спортските игри за млади оваа година прославува 30 години од своето постоење, главната мисија на Игрите е бесплатен спорт за секое дете.

Утрешниот ден е резервиран за нови натпревари, но и за дружење и свечено затворање.

Скрол