Sportske igre mladih

Новости

Одбројуваме: Уште еден месец до стартот на меѓународната завршница во Сплит
18.07.2026.

Одбројуваме: Уште еден месец до стартот на меѓународната завршница во Сплит

Македонија ги доби првите учесници за големото финале во Плазма Спортските игри за млади кое од 17 до 22 август ќе се одржи во хрватскиот град.

Македонија оваа година стана дел од големото друштво на Плазма Спортските игри за млади. Едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа кое слави 30 години од своето постоење, има за цел да овозможи бесплатен и достапен спорт за секое дете. Покрај нашата држава, дел од СИМ се Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.

Главниот настан или големата меѓународна завршница ќе се одржи од 17 до 22 август во Сплит. Македонија веќе ги доби учесниците, експедицијата ќе брои 204 патници.

До спектаклот останува уште еден месец, а нашите млади „симовци“ ќе имаат шанса да се запознаат со нивните врсници од регионот и да се натпреваруваат во десет дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, одбојка и одбојка на песок, народна топка, баскет 3х3, ракомет, пинг-понг, тенис, шах и атлетика.

Во првата сезона од Плазма Спортските игри за млади се натпреваруваа 29.271 учесници, во 11 градови се одржа „Денот на Спортот“, додека во три од нив „симовци“ се натпревруваа во едукативниот проект „Zero Waste“. Домаќин н Државното првенство беше Општина Кисела Вода.

Преку СИМ младите деца учат дека спортот обединува, гради посебни вредности, меѓу нив најважни се толеранција и фер-плеј.

Скрол