Sportske igre mladih

Новости

Под Шара видовме вистински „магионичари“ во Coca Cola Cup, гласно се навиваше во народна
11.06.2026.

Под Шара видовме вистински „магионичари“ во Coca Cola Cup, гласно се навиваше во народна

Во Тетово беше навистина возбудливо во „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади

Тетово живее за спортот. Градот под Шара е синоним за успешни спортски приказни, број македонски репрезентативци потекнуваат токму од тука. На свеченото отварање на „Денот на спортот“ на едно место видовме познати спортски легенди, но и идни ѕвезди.

Желбата за спорт беше присутна на секој чекор на градскиот плоштад. Младите „симовци“ со нетрпение чекаа да започнат Плазма Спортските игри за млади, кои оваа година за првпат се одржуваат во Македонија, а имаат единствена цел – бесплатен спорт за секое дете.

Се уверивме дека имаме големи мајстрори за фудбал, Coca Cola Cup 2011 и мал фудбал 2015 година донесоа неизвесност и возбудливи завршници. Одлична атмосфера имаше и за време на одбојкарските натпревари, овој спорт е исто така заштитен знак на Тетово. 

Атлетиката ги собра сите овации и заедно со народната беа примамливи и за возрасните фанови. На Баскет 3х3 видовме вештини во стилот на големите „баскетчии“.

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

РЕЗУЛТАТИ – ТЕТОВО

Coca Cola Cup 2011

Машки: Istigbal Sport

Женски: Лирија Желино

Мал фудбал 2015

Barcelona Pirok

Одбојка

Машки: Pirok

Женски: Лирија

Народна 2017

Реал Мадрид

Народна 2015

Братство

Атлетика 2015

Женски: Ериса Нуредини

Атлетика 2017  Машки

Ренис Илази

Дамјан Петроски

Баскет 3х3

Машки: Лирија

Плазма Спортските игри за млади претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

Победниците од Државното првенство ќе учествуваат на големото финале кое ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август.

Скрол