Sportske igre mladih

Новости

Познати се победниците од скопскиот регион: Еве кој ќе се бори за големото финале во Сплит
13.06.2026.

Познати се победниците од скопскиот регион: Еве кој ќе се бори за големото финале во Сплит

Македонија оваа година стана дел од Плазма Спортските игри за млади кои имаат исклучително важна мисија – бесплатен спорт за секое дете.

Полека, но сигурно се доближуваме кон најголемиот момент – Државното првенство кое ќе ги даде сите патници за големото финале во Сплит во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

Македонија за првпат оваа година стана дел од семејството на СИМ, eден од најголемите аматерски спортски настани за деца и млади во Европа кој носи исклучително важна мисија – бесплатен спорт за секое дете. Но, овие игри се многу повеќе од натпреварување и резултати. Тие се место каде што младите учат што значи да се биде дел од тим, како да се почитува противникот и како преку играта се градат вистинските животни вредности.

После Источниот регион ги добивме и победниците во Скопскиот регион, кој ќе се борат за големото финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. Во овој хрватски град ќе се сретнат најдобрите од земјата домаќин, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.

Државното првенство во Македонија ќе се одржи во Скопје на крајот на овој месец.

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

ПОБЕДНИЦИ СКОПСКИ РЕГИОН

Coca Cola Cup 2011

Машки: „Сарај“

Женски: „Мирче Ацев“

Мал фудбал 2015

Машки: „Тим Мирче Ацец 1“

Одбојка

Машки: „Шкендија“

Женски: „ВТ Форца“

Ракомет

Машки: „Железна одбрана“

Женски: „Астра“

Баскет 3х3

Машки: „Радишани Булс“

Женски: „Стрит Снајпер“

Одбојка на песок

Машки: „Екипа 52“

Женски: „6-7“

Народна 2015

„К-4“

Народна 2017

„Пантери“

Шах 2011

Машки: Никола Петровски

Женски: Дафина Денковска

Шах 2015

Машки: Давид Атанасовски

Женски: Матеа Јовановска

Пинг – понг 2011

Машки: Јован Лазаревски

Женски: Нина Лазаревска

Тенис

Машки: Томи Јакимовски

Женски: Меланија Петковска

 

Скрол