Првата сезона на Плазма Спортските игри за млади низ бројки
Илјадници деца добија можност бесплатно да спортуваат, да стекнат нови пријателства и да ги почувствуваат вистинските вредности што ги носи спортот – фер-плејот, тимскиот дух, почитта и здравите животни навики.
Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржаа и во Македонија, испишувајќи ново поглавје во развојот на спортот. Станува збор за едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања за деца и млади во Европа, кое годинава одбележува значаен јубилеј – 30 години постоење.
Главната мисија на Плазма Спортските игри за млади е секое дете да добие можност бесплатно да спортува, да се дружи, да развива спортски дух и да ги промовира вистинските животни вредности преку спортот.
Покрај во Македонија, Игрите успешно се организираат и во Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора, а најуспешните натпреварувачи од сите земји ќе се сретнат на големото меѓународно финале, кое ќе се одржи од 17 до 22 август во Сплит.
Македонија веќе ги доби своите први претставници, кои ќе имаат можност да ги бранат боите на нашата држава на завршниот турнир и да се натпреваруваат со своите врсници од регионот.
Првата сезона на Плазма Спортските игри за млади во Македонија во бројки:
Вкупен број на учесници: 29.271
Учесници на Државното финале: 580
Македонски учесници на меѓународното финале во Сплит: 204
„Ден на спортот“ организиран во 11 градови
*Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола. Охрид и Тетово.
„Zero Waste“ еко-активности реализирани во 3 града
*Прилеп, Битола и Охрид.
Спортски дисциплини – 10
*Coca Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, атлетика, баскет 3х3, народна топка, ракомет, одбојка и одбојка на песок, тенис, пинг-понг и шах.
Овие бројки се најдобра потврда за успешната дебитантска сезона на Плазма Спортските игри за млади во Македонија. Илјадници деца добија можност бесплатно да спортуваат, да стекнат нови пријателства и да ги почувствуваат вистинските вредности што ги носи спортот – фер-плејот, тимскиот дух, почитта и здравите животни навики.
Посебна благодарност за успешната реализација на првата сезона на Плазма Спортските игри за млади во Македонија упатуваме до нашите партнери и поддржувачи – Пивара Скопје, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг, чија поддршка беше од огромно значење за создавање услови децата бесплатно да спортуваат и да бидат дел од оваа голема спортска приказна.
Голема благодарност и до Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски и Министерството за спорт за поддршката и препознавањето на значењето на овој проект, кој има за цел да го поттикне развојот на младинскиот спорт, здравите навики и спортските вредности кај најмладите.

