Тенис – Државно првенство: Познати се патниците за меѓународната завршница во Сплит
Општина Кисела Вода беше домаќин на Државното првенство, на кое се натпреваруваа најдобрите 580 деца од четирите региони. И овој пат насмевките, заедно со фер-плеј играта, беа во преден план.
Државното првенство ги даде сите учесници за големото меѓународно финале на Плазма Спортските игри за млади, кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.
Македонија од оваа година за првпат е дел од големото СИМ семејство. Едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа овозможува бесплатен спорт за секое дете, без разлика од каква средина доаѓа.
Општина Кисела Вода беше домаќин на Државното првенство, на кое се натпреваруваа најдобрите 580 деца од четирите региони. И овој пат насмевките, заедно со фер-плеј играта, беа во преден план.
На секој терен се слушаше навивање, а младите „симовци“ покажаа дека неслучајно се пласираа во завршницата. Тие се натпреваруваа во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и одбојка на песок, народна топка, атлетика, тенис, шах и пинг-понг.
Во тенис ги добивме победниците, а со тоа и патниците за Сплит. Првите две места во двете категории ќе учествуваат на големото меѓународно финале.
Во машка конкуренција, првото место го освои Томи Јакимовски од Аеродром, додека второто место му припадна на Никола Узунов од Валандово.

Во женска конкуренција, златниот медал припадна на Марија Прпева од Велес. Сребрениот медал го освои Кристина Танеска од Прилеп, додека на третото место заврши Меланија Петковска од Бутел.

ПОБЕДНИЦИ
Тенис – машки
- место: Томи Јакимовски – Аеродром
- место: Никола Узунов – Валандово
Тенис – женски
- место: Марија Прпева – Велес
- место: Кристина Танеска – Прилеп
- место: Меланија Петковска – Бутел
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН

