Тетово е последна станица од караванот „Денот на спортот“
Големиот настан е закажан за 09.06.2026 година (вторник) на Градски плоштад со почеток во 10 часот.
Тетово е последниот град во кој ќе се одржи „Денот на Спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија.
Големиот настан е закажан за 09.06.2026 година (вторник) на Градски плоштад со почеток во 10 часот.
На отворањето младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Дел од големиот спектакл ќе бидат и познати спортски имиња кои овој град ги дава низ годините.
Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.
Плазма Спортските игри за млади претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.
Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Победниците од Државното првенство ќе учествуваат на големото финале кое ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август.
„Денот на Спортот“ претходно се одржа во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и денеска во Охрид.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Тетово – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.


