Томи Јакимовски доби награда за фер-плеј на турнирот во тенис
Една од главните мисија на Плазма Спортските игри за млади е фер-плеј играта, а во тенис ова признание го доби претставник од Македонија.
Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади. Круна на сезоната е меѓународното финале, кое во моментов се одржува во Сплит. Во хрватскиот град деновиве владее вистински празник на спортот, а покрај Македонија, на завршницата учествуваат и дечиња од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.
СИМ прославува 30 години од своето постоење, па програмата и оваа година е збогатена со „Мечот со ѕвездите“. Познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови кои се дел од Плазма Спортските игри за млади ќе бидат дел од големиот спортски настан во Сплит.
Игрите, покрај тоа што овозможуваат бесплатен спорт за секое дете, промовираат вистински вредности и ги учат најмладите да го почитуваат противникот. Секако, една од најважните пораки е фер-плејот.
Токму за фер-плеј доби признание и нашиот Томи Јакимовски. На завршниот турнир во тенис, Томи беше награден за примерното однесување и почитувањето на важните правила и вредности на спортот.

Во текот на денот очекувајте нови информации и интересни приказни директно од Сплит.
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

