Sportske igre mladih

Новости

Уште еден медал за Македонија: „Ролинг“ го освои третото место во баскет 3х3
19.08.2026.

Уште еден медал за Македонија: „Ролинг“ го освои третото место во баскет 3х3

Македонската експедиција на меѓународното финале во Сплит во рамките на Плазма Спортските игри за млади се закити со бронзен медал, овој пат во баскет 3х3 во машка конкуренција.

Уште еден медал за Македонија во првата сезона на меѓународната завршница во рамките на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит.

Екипата на „Ролинг“ го освои третото место во баскет 3х3 и се закити со бронзен медал. Струмичани покажаа неверојатни вештини, а со тоа потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот за баскет 3х3 беше навистина возбудливо, а видовме и НБА-потези од младите кошаркари. И на овие натпревари во преден план беше фер-плеј играта.

Нашите претставници уживаат во Сплит и во ова незаборавно и големо искуство. Имаат можност да се запознаат и да создадат пријателства со своите врсници од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.

Главната мисија на Плазма Спортските игри за млади е бесплатен спорт за секое дете, без разлика дали подолго време се занимава со спорт или, пак, за првпат сака да се натпреварува во една од 10-те дисциплини.

Се одиграа и натпреварите во одбојка на песок. Нашите претставници не се пласираа во финалето, но затоа, пак, собраа големо искуство за во иднина.

Скрол