Sportske igre mladih

Новости

Штип 2-дел: Најмладите спортисти уживаа во „Coca Cola Cup“!
23.05.2026.

Штип 2-дел: Најмладите спортисти уживаа во „Coca Cola Cup“!

Штип е третиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во склоп на Плазма Спортиските игри за млади. Во одлична атмосфера, исполнета со насмевки, младите „Симовци“ уживаа во омилените спортови. Најмладите фудбалери/ки се натпреваруваа во „Coca Cola Cup“ во машка и женска конкуренција.

Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и за првпат во Македонија, со цел промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, со учество целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат и во големото меѓународно финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

Еве дел од атмосферата во Штип..

Следна станица е Кочани, едвај чекаме да се дружиме со идните спортски ѕвезди. Плазма Спортските игри за млади беа спектакуларно отворени во Скопје, караванот продолжи во Куманово, Штип е третиот град во кој се одржа овој голем настан.

*Ако пропуштивте нешто од спектаклот од Штип, можете да прочитате ТУКА. 

Скрол