21.08.2026.
Бронзениот медал свечено доделен на “Ролинг“
Екипата на „Ролинг“ го освои третото место во баскет 3х3 и се закити со бронзен медал на меѓународното финале во Плазма Спортските Игри за млади кое се одржува во Сплит.
Екипата на „Ролинг“ го освои третото место во баскет 3х3 и се закити со бронзен медал на меѓународното финале во Плазма Спортските Игри за млади кое се одржува во Сплит.
Нашите млади надежи ги добија медалите. Струмичани покажаа неверојатни вештини, а со тоа потврдија дека се одлични „баскетџии“.

На теренот за баскет 3х3 беше навистина возбудливо, а видовме и НБА-потези од младите кошаркари. И на овие натпревари во преден план беше фер-плеј играта.
Плазма Спортските игри за млади прославува 30 години од своето постоење, а Македонија за првпат е дел од големото друштво на СИМ кое го сочинуваат Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

