Спортските игри на младите се најголемиот спортски настан за деца и млади во Европа и своевиден феномен кој со својата традиција долга 30 години сведочи дека добрата визија, систематската работа и упорноста можат да ги надминат сите предизвици и да создадат единствен бренд што го препознале и поддржале бројни светски институции, врвни спортисти, функционери и спонзори. Тие ги обединуваат сите свои чинители и ги вклучуваат во позитивната приказна и углед што го градат со години како промотор на здравиот начин на живот и општествените вредности кај децата и родителите.
И покрај тоа што се достапни за сите учесници, игрите се организираат според високите стандарди на професионалните натпреварувања. Тоа вклучува професионални спортски терени, едуцирани соработници – кинезиолози и професори по физичко образование, професионални судии, делегати и врвен организациски менаџмент на настани. Една од посебностите на игрите најдобро се виде во моментите на прекин на сите спортски активности и натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот. Бројни светски манифестации и турнири беа веднаш откажани или одложени, додека Спортските игри на младите беа една од ретките манифестации што успешно ја продолжија и ја завршија својата сезона. Тајната лежи во одлично поставениот сопствен систем на игрите, особено на терен, кој се гради со години и континуирано се унапредува.
Организирани се под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија, УЕФА, ФИДЕ, како и под високо покровителство на Владата на Република Хрватска и Министерството за спорт и туризам.
Спортските игри на младите, како најголем спортски настан од ваков вид, преку своите вработени, амбасадори и партнери учествуваат во општествениот живот на Хрватска од 1996 година, а оттогаш станаа најмасовниот спортски настан во Европа. Игрите им овозможуваат на децата од основно и средношколска возраст од јануари до септември бесплатно да учествуваат во врвно организирани натпреварувања во 10 спортови (Coca-Cola Cup, мал фудбал, улична кошарка, ракомет, одбојка, тенис, пинг-понг, одбојка на песок, шах, граничар и атлетика во рамки на Деновите на спортот). Право на учество имаат сите поединци и слободно формирани екипи, љубители на здравиот начин на живот и дружењето, а не само децата кои активно се занимаваат со спорт.
Plazma Спортските игри на младите веќе 30 години организираат спортски натпреварувања за деца на возраст од 6 до 18 години, во кои досега учествувале повеќе од 3.440.000 учесници. Освен што го промовираат спортот и спортскиот начин на живот, преку своите програми активно работат и на едукација на децата за сите аспекти на одржливиот развој, ненасилството на спортските терени и фер-плејот.
Plazma спортските игри на младите систематски се ангажирани во градење на препознатливоста на настанот и негово проширување. Како резултат на тоа, спортските игри на младите во Хрватска континуирано се одржуваат веќе 30 години, а своето меѓународно проширување го започнаа во 2010 година во Босна и Херцеговина, по што следуваше и Србија, а во 2024 година на SIM семејството му се приклучи и Словенија. Северна Македонија се приклучи на Игрите во 2026 година.
Во 2025 година на Plazma спортските игри на младите во Хрватска учествувале 123.985 натпреварувачи, на 15-тите спортски игри на младите во Босна и Херцеговина 71.243, во дванаесеттата година од организацијата на спортските игри на младите во Србија учествувале 100.060 деца и млади, а во втората година од организацијата на игрите во Словенија 58.560 учесници. Вкупно, во сите четири држави во 2025 година учествувале повеќе од 353.848 млади спортисти и спортистки.


