Sportske igre mladih

Народна

Sportske igre mladih

Граничарот е најдобар пример за инклузијата што ја промовираат Plazma Спортските игри на младите, бидејќи момчињата и девојчињата играат во мешани тимови и на тој начин, преку игра и забава, ја зајакнуваат свеста за рамноправност.

Во рамки на Деновите на спортот, и во соработка со локалните самоуправи, Plazma спортските игри на младите организираат еднодневни спортско-забавни настани насочени кон деца од основно училишна возраст. Натпреварите во граничар и атлетика ги претвораат централните градски простори во спортско-едукативни полигони, а победниците обезбедуваат пласман на државното финале во своите категории.

Учеството на сите нивоа е целосно бесплатно, а најдобрите екипи родени во 2017 година и помлади, како и родени во 2015 година и помлади, се квалификуваат за Државното финале на Plazma спортските игри на младите.

Во играта учествуваат 8 играчи (7+1) – седум во поле и еден граничар. Екипата мора да биде составена од најмалку 3 момчиња или 3 девојчиња, односно да биде мешан состав во сооднос 3/5, 4/4 или 5/3.

Распоредот на натпреварите ќе биде објавен наскоро.

НОВОСТИ

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Scroll