Од Сплит со полни срца: Македонските „симовци“ понесоа искуство за цел живот!
Деновите минати во Сплит беа исполнети со спорт, дружење, нови пријателства, насмевки и незаборавни моменти. Ова е искуство од првото меѓународно финале на Плазма Спортските игри за млади за македонските учесници.
Деновите минати во Сплит беа исполнети со спорт, дружење, нови пријателства, насмевки и незаборавни моменти. Ова е искуство од првото меѓународно финале на Плазма Спортските игри за млади за македонските учесници.
За Македонија ова беше прва година во големото семејство на СИМ, но за децата кои беа дел од македонската делегација, ова беше многу повеќе од едно спортско натпреварување. За првпат имаа можност да бидат дел од голема меѓународна спортска приказна, да запознаат свои врсници од регионот, да стекнат нови пријателства и да создадат спомени за навек.
Во Сплит се натпреваруваа во различни спортови: Coca Cola Cup 2011, атлетика, баскет 3х3, до ракомет, одбојка и одбојка на песок, тенис, пинг-понг и шах. Секој од нив имаше своја приказна, своја борба и свој момент на кој ќе се сеќава.
Македонија од првото меѓународно финале се враќа со седум медали, но бројката на освоени одличја не може да го измери сето она што децата го доживеаја во Сплит.

Бидејќи најубавите победи не секогаш се оние што завршуваат со медал.
Победа е и моментот кога едно дете за првпат запознава другар од друга земја. Победа е и можноста да се сретнат со спортски легенди, да ги слушнат нивните приказни и одблизу да почувствуваат како изгледа светот на големите спортисти.
Иако натпреварите се аматерски, Плазма Спортските игри за млади се организирани според највисоки стандарди, создавајќи за децата атмосфера и искуство блиску до она што го имаат професионалните спортисти. За нив, тоа не е само натпревар, туку можност да почувствуваат дека нивниот труд, талент и љубов кон спортот се важни.
Во првата сезона во Македонија настапија 27.271 дете, а 151 млад учесник, заедно со 52 професори и ментори, ја претставуваа нашата земја на меѓународната завршница во Сплит.
Тие заминуваат како натпреварувачи, а се враќаат со нешто многу повредно: со нови пријателства, нови искуства, незаборавни моменти и приказни кои еден ден повторно ќе ги раскажуваат.
Затоа Сплит не беше само место каде што се освојуваа медали.
Сплит беше место каде што македонските деца создадоа спомени за цел живот.

