Sportske igre mladih

Новости

Уникатен ѕвезден стадион: Младите дечиња заедно со најголемите имиња во светскиот спорт на едно место!
22.08.2026.

Уникатен ѕвезден стадион: Младите дечиња заедно со најголемите имиња во светскиот спорт на едно место!

Плазма Спортските игри за млади уште еднаш потврдија зошто се настан број еден во Европа. Игрите се уникатно доживување за сите учесници, но и за сите поддржувачи. Претпоследниот ден на меѓународното финале беше резервиран за Ол-стар спектаклот и свечената церемонија по повод 30 години од Плазма Спортските игри за млади.

Плазма Спортските игри за млади уште еднаш потврдија зошто се настан број еден во Европа. Игрите се уникатно доживување за сите учесници, но и за сите поддржувачи. Претпоследниот ден на меѓународното финале беше резервиран за Ол-стар спектаклот и свечената церемонија по повод 30 години од Плазма Спортските игри за млади.

Ол-стар мечот започна со квизот „Стани зелен амбасадор“, дел од проектот „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – Спаси ја нашата планета“, кој се реализира во партнерство меѓу Игрите и „Coca-Cola“. Во квизот учествуваа деца од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. Квизот го водеше Дин Котига, познат квиз-мајстор и енигматичар.

Подоцна, на главниот плоштад во центарот на Сплит, се одржа традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу тимот составен од претставници на УЕФА и спортски ѕвезди, кој се соочи со тимот на Плазма Спортските игри за млади, составен од деца.

За Ол-стар тимот настапија: Александар Чеферин, Златан Ибрахимовиќ, Жилиен Ескуде, Георгиос Карагунис, Владимир Шмицер, Стилјан Петров, Клод Макелеле, Вилијам Галас, Дејвид Џејмс, Марсел Десаи, Аитор Каранка, Павел Недвед, Дарио Срна, Марио Манџукиќ, Немања Видиќ, Ведад Ибишевиќ, Емир Спахиќ, Мехмед Баждаревиќ, Горан Драгиќ, Никола Карабатиќ, Магнус Брунер, Аластер Кембел и Аљоша Асановиќ.

Тимот на Плазма Спортските игри за млади беше составен од деца од петте земји членки на Игрите, како и од гостинската земја Украина. Од Македонија настапија Енис Ферати, Енес Ферати, Фета Ферати и Ања Милеска. Ол-стар тимот го предводеа тренерите Желко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ, додека тимот на Плазма Спортските игри за млади го водеа Шон Дајч и Миодраг Гогиќ.

Плоштадот во Сплит беше исполнет со позитивна енергија, одлична поддршка од публиката и прекрасна атмосфера. Во натпревар со многу голови, за Ол-стар тимот погодија Марио Манџукиќ, Дарио Срна, Никола Карабатиќ и Златан Ибрахимовиќ, додека за тимот на Плазма Спортските игри за млади стрелци беа Јехор Убар, Анка Живановиќ, Ајдин Буљубашиќ и Марко Радовановиќ.

Натпреварот заврши со резултат 4:4, а спортските ѕвезди и децата продолжија да се дружат на главниот плоштад во центарот на СПлит.

Натпреварот во директен пренос низ Европа и светот го коментираа Славен Билиќ, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, и британскиот новинар и презентер Адријан Чилс.

Скрол