Sportske igre mladih

Новости

РАКОМЕТ: „Астра“ и „КИМ Шампиони“ го освоија Државното првенство
03.07.2026.

РАКОМЕТ: „Астра“ и „КИМ Шампиони“ го освоија Државното првенство

Плазма Спортските игри за млади се едно од најголемото аматерско натпреварување во Европа која овозможува бесплатен спорт за секое дете.

Државното првенство навистина донесе возбудлива завршница. Во Општина Кисела Вода на едно место 580 ученици се натпреваруваа во Плазма Спортските игри за млади. Победниците од првата сезона во СИМ ќе учествуваат на големата меѓународна завршница која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Во ракомет видовме одлични натпревари, а победник во финалето во машка категорија е тимот на „КИМ Шампиони“ од Велес, кој беше подобар од „Шампиони“ од Прилеп. Третото место им припадна на „Дамевци“ од Битола.

Во женска категорија златниот медал им припадна на ракометарките на „Астра“ од Ѓорче Петров, тие беа подобри од „Стружaнки“ од Струга. Третото место го освои „Голак“ од Делчево.

Плазма Спортските игри за млади се едно од најголемото аматерско натпреварување во Европа која овозможува бесплатен спорт за секое дете.

Македонија од ова година му се приклучи на големото друштво од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

РАКОМЕТ – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

МАШКИ

  1. место: КИМ Шампиони – Велес
  2. место: Шампиони – Прилеп
  3. место: Дамевци – Битола

ЖЕНСКИ

  1. место: Астра – Ѓорче Петров
  2. место: Стружанки – Струга
  3. место: Голак – Делчево

 

Скрол